Г-точка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цртеж на женска полна анатомија. Се смета дека Г-тачката (6) е сместена 5–8 см во вагина, на страната кај уретра (9) и мочниот меур (3).

Грефенберговата точка (често се нарекува и Г-точка) е подрачје во внатрешноста на вагината каде што се тврди дека постои ерогена зона која кога стимулирана може да доведе до високи нивоа на сексуална возбуда, силни оргазми и женска ејакулација. Г-точката типично се наоѓа 1-3 инчи од предниот дел на вагиналниот ѕид меѓу отворот на вагината и уретрата, и е чувствително подрачје кое е дел од женската простата.