Гренландска ајкула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гренландска ајкула
Somniosus microcephalus okeanos.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Класа: ’Рскавични риби
Ред: Двогрбноперкови
Семејство: Ајкули-спијачи
Род: Ајкула-спијач
Вид: Гренландска ајкула
Биномен назив
Somniosus microcephalus
(Bloch & J. G. Schneider, 1801)
Распространетост на гренландската ајкула

Гренландска ајкула или големоглава ајкула-спијач (науч. Somniosus microcephalus) — ајкула од семејството на ајкули-спијачи (Somniosidae) со тешко валчесто тело, кое обично е кафеаво или сино. Има кратка, тркалезна муцка и две еднакво големи грбни перки. Освен што се храни со разновиден жив плен како риби, морски птици и фоки, оваа ајкула е и мршојадец и често јаде пцовисани китови и удавени копнени животни како собови. Додека таа лови фоки, може да се фати на јадица низ дупките во ледот. Но нејзиното месо е отровно, па мора да се провари пред да се јаде. Овој вид на ајкула е еден од најотровните во светот.[2]. Оваа ајкула е во блиско сродтсво со тихоокеанската ајкула-спијач.[3]

Долговечност[уреди | уреди извор]

Гренландската ајкула се смета за најдолговечното од сите ’рбетно животно на светот[4][5][6] По направеното испитување на 28 единки со радиојаглеродно датирање, научниците утврдиле дека најстарата единка е на возраст од 392 ± 120 години (најмалку 272, а највеќе 512 години). Посочено е дека животното достигнува зрелост на возраст од 150 години.[4]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kyne, P. M., Sherrill-Mix, S. A. & Burgess, G. H. (2006). Somniosus microcephalus. Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2011.2. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/60213. конс. 5 февруари 2012 г.  (англиски)
  2. Guinness World Records 2013, Page 048, Hardcover edition.
  3. O'Donnell, Jacinth. Jurassic Shark documentary (2000); broadcast on Discovery Channel, 5 August 2006
  4. 4,0 4,1 Nielsen, J; Hedeholm, RB; Heinemeier, J; Bushnell, PG; Christiansen, JS; Olsen, J; Ramsey, CB; Brill, RW; и др. (2016). Eye lens radiocarbon reveals centuries of longevity in the Greenland shark (Somniosus microcephalus). „Science“ том  353 (6300): 702–4. doi:10.1126/science.aaf1703. http://science.sciencemag.org/content/353/6300/702. 
  5. Morelle, R. „400-year-old Greenland shark ‘longest-living vertebrate’“, „Science & Environment“, BBC News, 12 август 2016.
  6. Bates, M. „272-Year-Old Shark Is Longest-Lived Vertebrate on Earth“, National Geographic Society, 11 август 2016.