Грамада
Грамада Грамада | |
---|---|
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Bulgaria" does not existМестоположба на Грамада | |
Координати: 43°50′N 22°40′E / 43.833° СГШ; 22.667° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област во Бугарија | Видин |
Управа | |
• Градоначалник | Николај Гергов |
Надм. вис. | 230 м |
Население (Декември 2009)[1] | |
• Вкупно | 1,647 |
Часовен појас | Источноевропско време (UTC+2) |
Поштенски број | 3830 |
Повик. бр. | 09337 |
Грамада (бугарски: Грамада) — град во северозападна Бугарија, дел од Видинската област. Градот е административен центар на истоимената општина, која се наоѓа во централниот дел на Видинската област. Се наоѓа во западниот дел на Дунавската рамнина, 30 километри од Видин и 200 километри од Софија. Во декември 2009, градот имал 1.647 жители.[1]
Општина[уреди | уреди извор]
Општина Грамада има површина од 184 км², а сочинета е од следниве населени места:
Општината е сместена во рамнина, а низ неа поминуваат реките Видбол, Корманица, Река Грамада и Јасова Бара. Главна дејност е земјоделството, особено пченица, овошје и зеленчук и винарство.
Знаменитости[уреди | уреди извор]
Источно од Грамада се наоѓа Видинскиот трансмитер, моќна станица која емитува средни радиобранови, пуштена во употреба во 1973. Нејзините сигнали лесно може да се пренесат низ цела Европа.
Чест[уреди | уреди извор]
Ледникот Грамада на антарктичкиот остров Смит сместен во [[Јужните шетландски острови]] е именуван по Грамада.
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Страница за општина Грамада (бугарски)