Градски дом (Виена)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Градскиот дом

Градски дом (германски: Rathaus) — градба во Виена, седиште на градоначалникот и градскиот совет. Воедно ова е управа и собрание (ландтаг) на сојузната покраина Виена.

Историја[уреди | уреди извор]

Зданието е дело на Фридрих фон Шмит и е изградено во неоготски стил помеѓу 1872 и 1883 г. На врвот од кулата стои статуата наречена Ратхаусман („Градодомец“), еден од симболите на Виена. Пред домот се протега големиот парк Ратхауспарк, наречен по зградата.

Во градскиот дом е сместен и историскиот ресторан „Винер Ратхаускелер“ (Wiener Rathauskeller, Виенска градодомна визба). Се состои од неколку барокни сали и нуди традиционални деликатесни закуски на гала-вечери.

Обновувања[уреди | уреди извор]

На 27 септември 2012 г. започнало обновувањето на објектот[1], предвидено да трае до 2023 г. со цена од 35 милиони евра. Работата е поделена на 11 фази и покрива простор од 40.000 м2. Во 2000 г. свечено се отворени необарокниот салон „Цирер“ и преуредената сала „Ланер-Лехар“ со тавански живопис од германскиот сликар на оптички мамки Рајнер Марија Лацке.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]