Прејди на содржината

Градот на болката (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Градот на болката
Град бола
АвторМети Камбери
ЗемјаСрбија Србија
ЈазикСрбија српски
Жанрроман
ИздавачДерета
Издадена
2020
Медиумпечатено издание

„Градот на болката“ — автобиографски роман на Метју Камбери напишан во 2020 година во кој деветнаесетгодишниот автор зборува за системот и децата без родителска грижа. Романот бил номиниран за НИН-овата награда за 2020 година.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Градот на болката е шокантна, филмски динамична, романсирана, автобиографска приказна за растењето на улица, живеењето во дом за запоставени деца и растењето на детето во најтешките социјални услови. Градот на болката е роман преполн верба во животот, во луѓето…

Со оваа приказна и сопственото искуство, Мети Камбери докажува дека е многу „исплатливо“ да се бори… Оваа романсирана исповед деветнаесетгодишниот автор им ја посветил на децата без родителска грижа и на сите оние кои често ја вртат главата од социјалната стварност.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Град бола - Мети Кембери“. metikamberi. Архивирано од изворникот на 27. 01. 2021. Посетено на 2 април 2021. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  2. „Град бола“. Дерета. Посетено на 2 април 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]