Господин Клајн (филм)
Господин Клајн (фр. Monsieur Klein) — француски филм од 1976 година. Режисер на филмот е Џозеф Лоузи (фр. Joseph Losey), а сценариото е на Франко Солинас (фр. Franko Solinas). Во главните улоги настапуваат Ален Делон (фр.Alain Delon) и Жана Моро (фр. Jeanne Moreau).
Заплет
[уреди | уреди извор]Годината е 1942. Војната беснее и Франција е окупирана од нацистите. Сепак, за Роберт Клајн ова не претставува никаква грижа. Тој е дилер на уметнички дела и прави добар профит со Евреите кои ги продаваат својот имот пред да ја напуштат земјата. Клајн нема политички афинитети и одлучува да остане незаинтересиран.
Сето ова се менува кога еден ден на неговата адреса случајно пристигнува еврејски весник. Тогаш тој открива дека во Париз живее уште еден Роберт Клајн - Евреин кој е баран од полицијата. Кога полицијата не може да го пронајде другиот Клајн, властите почнуваат да се сомневаат и дилерот на уметнички дела е приморан да произведе доказ за сопственото француско потекло. Набрзо тој е приморан да се впушти во потрага по своето име и да открие што се случило.
Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |