Прејди на содржината

Глупавата жена (сказна на браќата Грим)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Глупавата жена“сказна на браќата Грим.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Еден маж заминал на нивата и на жена си ѝ порачал да му направи вечера. Таа ја ставила саламата да се пржи и слегла во подрумот за да наточи пиво. Тогаш, се сетила дека кучето може да ја изеде саламата и се вратила во кујната каде видела дека кучето веќе ја украло саламата и почнала да го брка. Бркајќи го, таа се сетила на пивото и се вратила во подрумот кој веќе бил целосно поплавен. Затоа, таа го зела брашното и го истурила на подот. Другпат, мажот однел дома сандаче со пари и ѝ рекол на жена си да не ги чепка. Меѓутоа, кога во куќата дошле трговци, таа купила две грнчиња, а на трговците им кажала самите да се послужат со парите, а тие го зеле сандачето и побегнале. Мажот и жената тргнале да ги бркаат трговците, а кога патем седнале да одморат, жената видела дека патот е уништен од колите и затоа го намачкала со масло, а потоа ги пуштила калапчињата сирење да се тркалаат по патот. Кога мажот ѝ рекол да се врати дома за да провери дали е заклучено, жената ја откорнала вратата и ја зела со себе. Патувајќи, мажот и жената решиле да преноќат во шумата и се качиле на едно дрво, а ноќта под дрвото застанале некои луѓе кои броеле куп пари. Тогаш, жената почнала да фрла разни предмети долу и најпосле ја фрлила и вратата и така ги исплашила луѓето, кои ги оставиле парите и побегнале. Мажот и жената си ги зеле парите и се вратиле дома.[1]

Изданија на македонски јазик

[уреди | уреди извор]
  • „Фортуна“, во: Браќа Грим, Сказни. Наша книга, Скопје, 1972.
  1. Браќа Грим, Сказни. Наша книга, Скопје, 1972, стр. 23-29.