Глад (филм)
Изглед
„Глад“ (англиски: Hunger) — британско-ирски филм од 2008 година, во режија на Стив Меквин. Главните улоги ги играат: Мајкл Фасбендер, Лијам Канингам и Стјуарт Греам.
Содржина
[уреди | уреди извор]Дејството на филмот се одвива во 1981 година, во затворот Мејз, во Северна Ирска. Боби Сендс е припадник на ИРА, кој штрајкува со глад, бунејќи се против лошиот третман во затворот. Затворениците од озлогласениот оддел Х протестираат, бидејќи не сакаат да ги носат вообичаените затворски униформи, туку бараат да бидат признати како политички затвореници. Бидејќи со штрајкот не постигнуваат никакви резултати, Боби одлучува да стапи во штрајк со глад.[1] [2]