Гиресун (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гиресун
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value
Географија
МестоположбаЦрно Море
КоординатиКоординати: 40°55′44″N 38°26′10″E / 40.92889° СГШ; 38.43611° ИГД / 40.92889; 38.43611
Површина0,04 км2
Управување
Турција
ОбластГиресун
Демографија
Население8,776 (2016)

Остров Гиресун (турски: Giresun Adası) — мал остров кој има површина од 4 хектари и се наоѓа 1,2 км од турскиот град Гиресун на југоисточниот брег на Црното Море. Гиресун е најголемиот остров на турското крајбрежје на Црното Море.

Гиресун

Историја[уреди | уреди извор]

Некои од античките имиња на островот се Аретијас (грчки: Ἀρητιάς), Ареос Несос (грчки: Ἄρεος νῆσος) (островот на Арес), Халкеритис (грчки: Χαλκερίτις) и Пуга. Во историски времиња, островот најверојатно бил користен од грчки колонисти од 6 или 5 век п.н.е. од главниот град Керасоус (денес градот Гиресун)[1].

На островот се наоѓаат урнатините на еден храм без покрив, тврдини и бедеми и две вински или маслени преси. Бескрајниот храм во античко време им се припишува на Амазонките кои таму држеле верски ритуали[2]. Археолошките истражувања сугерираат дека била изградена во класично-хеленистичката ера. Црниот круг од камен со околу 4 метри дијаметар се наоѓа во урнатините на храмот. Овој камен е појдовна точка за прошетка како дел од годишниот фестивал Аксу и се смета дека каменот е знак за плодност и здравје. Наодите од археологијата сугерираат дека каменот бил свет и во римско време/

Во 1 век од н.е., Римјаните изградиле населба како дел од одбраната против пиратските напади што ја погодиле двојната покраина Понт и Битинија. Во средно-византиската ера, приближно од 5 до 6 век, на островот бил изграден манастир и бил подветен на Фока Синопски. Ентони Брајер, пак, го идентификува овој манастир како оној посветен на Елеуса, каде Митрополитот Јосиф се засолнил. Понатамошна изградба на замокот и манастирскиот комплекс и одбранбените ѕидини продолжило до 12 век. Во 2015 година, за време на ископувањата биле ископани урнатините на капелата од 11 и 12 век. Покрај тоа, многу гробови биле пронајдени околу капелата. Археолозите споменале дека за време на византискиот период островот бил религиозен центар[3].

Брајер ја споменува традицијата дека Грците кои живееле на овој остров продолжиле да се држат против Османлиите и покрај падот на Трапезунтското Царство до 1468 година, со што овој остров станал последното грчко мсто во Анадолија кое било освоено. По ова Османлиите забраниле надворешната трговија, со што се намалил комерцијалниот морски сообраќај што го направил островот релевантен за трговија и поморска одбрана[1].

Долго време островот бил зачуван како историска и природна локација од класа II од страна на турската влада. Така, на него не е дозволено да се користи како станбена површина. Туристички посети на островот се можни за мали и средни рибарски и крстосувачки чамци кои може да ги обезбедат туристичките агенции во Гиресун.

Географија[уреди | уреди извор]

Островот Гиресун има околу 40000 м2 површина. Како и голем дел од провинцијата Гиресун, островот добива значителни врнежи и е топло и влажно место во текот на летото. Неговите брегови се претежно карпести и стрмни. Постојат два природни заливи на северо-исток и југо-исток, а вториот е соодветно пристаниште за мали чамци. Посетителите можат да одат од ова пристаниште кон внатрешноста на островот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ertekin M. Doksanaltı; İlker M. Mimiroğlu (октомври 2010 г). Giresun/Aretias - Khalkeritis Island. Proceedings of International Conference "The Phenomena of Cultural Borders and Border Cultures Across the Passage of Time (From the Bronze Age to Late Antiquity)" 2010. Trnava. ст. 85–101. ISSN 1338-5410. https://www.academia.edu/5895044/Giresun_Aretias_-_Kalkeritis_Island. посет. 30 ноември 2014 г. 
  2. Mayor, Adrienne (September 22, 2014). The Amazons: Lives and Legends of Women across the Ancient World. Princeton University Press. стр. 166. 
  3. Excavations reveal religious history of Giresun Island