Втора Нетерова теорема

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во математиката и теориската физика, Втората Нетерова теорема ги поврзува симетриите на функционалот на дејство со систем од диференцијални равенки.[1] Дејството S на физички систем е интеграл на таканаречената функција на Лагранжово L, од која може да се определи однесувањето на системот со начелото на најмало дејство.

Поточно, теоремата вели дека ако дејството има бесконечно-димензионална Лиева алгебра на бесконечно мали симетрии параметризирани линеарно со k произволни функции и нивните изводи до ред m, тогаш функционалните изводи на L задоволуваат систем од k диференцијални равенки.

Втората Нетерова теорема понекогаш е користена во мерна теорија. Мерните теории се основните елементи на сите современи теории на поле во физиката, како што е преовладувачкиот Стандарден модел.

Теоремата е именувана по нејзиниот откривач, Еми Нетер.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Фусноти[уреди | уреди извор]

  1. Noether, Emmy (1918), „Invariante Variationsprobleme“, Nachr. D. König. Gesellsch. D. Wiss. Zu Göttingen, Math-phys. Klasse, 1918: 235–257

Наводи[уреди | уреди извор]

Дополнителна книжевност[уреди | уреди извор]