Всеволод III Јурјевич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Всеволод III Јурјевич бил руски средновековен владетел, владимирско-суздаљски велики кнез од 1177 до 1212 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Всеволод III бил син на кнезот Јуриј Долгорукиј и внук на кнезот Владимир Мономах. Тој бил првиот кнез од владимирската лоза кого го нарекле „Велики кнез“. Исто така бил наречен и „Бољшое Гњездо“. За време на своето владеење, тој жестоко се борел против болјарите, ја зацврстувал својата власт и го развил градителството. Всеволод Јурјевич и брат му, Андреј Богољупски, не ја продолжиле политиката на нивниот татко, кој настојувал да завладее со Киев. Како што сведочат Ипатиевскиот и Лаврентиевскиот летопис, во 1182 или 1184 година, Всеволод III им нанесол тежок пораз на Болгарите кои живееле во околината на Волга. Притоа, неговата војска била толку голема, што војниците можеле со своите шлемови да ја исцрпат водата од реката Дон.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 62.