Всеволод Свјатославич

Од Википедија — слободната енциклопедија

Всеволод Свјатославич - бил руски средновековен владетел, кнез на Трубецк и Курск.

Животопис[уреди | уреди извор]

Всеволод му бил син на Свјатослав Олегович (умрел во 1164 година), кнез на Чернигов. Заедно со брат му Игор, Всеволод учествувал во походот против Половците во кој бил заробен. Тој е опеан во поемата „Слово за походот Игорев“ каде се слави како храбар воин. Исто така, во летописите се опишува како правдољубив човек, примерен маж, голем јунак и како најдобар меѓу Олеговичите. Кнезот Всеволод бил оженет со Олга Глебовна, ќерка на кнезот Глеб Јурјевич. Во 12 век, градот Трубецк, со кој владеел Всеволод, се наоѓал во рамките на Северското кнежевство.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 52 и 56.