Прејди на содржината

Вроден имунолошки систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вроден имунолошки систем.

Вроден имунолошки систем или неконкретен имунолошки систем ги вклучува имунолошките механизми кои се присутни во организмот уште од раѓање.

Анатомски бариери

[уреди | уреди извор]
Анатомска бариераДополнителни одбранбени механизми
КожаПот, десквамација, органски киселини[1]
Гастроинтестинален трактПеристалтика, желудочна киселина, жолчни киселини,
дигестивни ензими,тиоцијанат,[1] дефензини,[1]
цревна флора[1]
Респираторни патишта и бели дробовиМукоцилијарен елеватор, сурфактант,[1] дефензини[1]
НазофаринксМукус, плунка, лизозим[1]
ОчиСолзи[1]

Анатомските бариери вклучуваат физички, хемиски и биолошки бариери. Епителните површини формираат физичка бариера која е непропустлива за повеќето инфективни агенси, и делува како прва линија на одбрана против инвазивните организми.[1] Десквамацијата на епителот на кожата исто така помага да се отстранат бактериите и другите инфективни агенси кои адхерираат на епителната површина. Недостигот на крвни садови и неможноста на епидермисот да задржува влага, присуството на лојни жлезди во дермисот создаваат средина која е непогодна за опстанок на микробите.[1] Во гастроинтестиналниот и респираторниот тракт, движењето поради перисталтиката односно цилиите, помага да се отстранат инфективните агенси.[1] Исто така, мукусот ги задржува инфективните агенси.[1] Цревната флора може да ја превенира колонизацијата на патогени бактерии преку секреција на токсични супстанции или преку конкуренција со патогените бактерии за хранливи материи или за поврзување со клеточните површини.[1] Солзите и плунката вршат измивање што превенира инфекции на очите и устата.[1]

Сите бели крвни клетки се познати како леукоцити. Леукоцитите се разликуваат од останатите клетки во организмот во тоа што не се силно поврзани со одреден орган или ткиво; како резултат на тоа, нивната функција е слична со независните, едноклеточни организми. Леукоцитите се способни да се движат слободно и да интерреагираат и да го заробат клеточниот отпад, страните честички и микроорганизми. За разлика од другите клетки во организмот, леукоцитите не можат да се делат и репродуцираат, туку тие се производи на мултипотентните хематопоетски матични клетки присутни во коскената срцевина.

Во групата на леукоцити спаѓаат: клетките-природни убијци, маст клетките, еозинофилите, базофилите; и фагоцитните клетки во кои спаѓаат макрофагите, неутрофилите, и дендритските клетки, и функционираат во рамките на имуниот систем преку идентификација и елиминација на патогените кои можат да предизвикаат инфекција.

Специфичност кон патогени

[уреди | уреди извор]

Различни делови од вродениот имунолошки систем имаат различна специфичност кон различни патогени.

ПатогенГлавни примери[2]Фагоцитоза[2]Комплемент[2]NK клетки[2]
Внатреклеточни и цитоплазматски вируси данеда
Внатреклеточни бактерии да (особено неутрофилите, не за рикеции)неда (не за рикеции)
Вонклеточни бактерии дадане
Внатреклеточни протозои ненене
Вонклеточни протозои дадане
Вонклеточни габи недада [3]
  1. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 IMMUNOLOGY - CHAPTER ONE - INNATE (NON-SPECIFIC) IMMUNITY Gene Mayer, Ph.D. Immunology Section of Microbiology and Immunology On-line. University of South Carolina
  2. 1 2 3 4 Doan T (2008). Immunology. Lippincott Williams & Wilkins. стр. 172. ISBN 978-0-7817-9543-2.
  3. http://www.jimmunol.org/content/173/5/3357.full.pdf