Врескачи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Манифест на Врескачите - 1960 година

—Јас сум бунтовник / не ми се допаѓа / овој свет / што пркоси / на фантазијата ..., Адријано Челентано, од Il ribelle („Бунтовникот“)

Врескачи е името коешто тогашните медиуми го дале на пејачите од Италија, во периодот на економскиот бум , односно крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години. Стилската специфика на овој вид интерпретативна техника – поттикната, меѓу другото и од појавата на првите џубокси – се должи на силниот глас, изразен без орнаменти и разубавувања кои се типични за мелодиската песна.


Историја[уреди | уреди извор]

Терминот Врескачи е заемка од англискиот збор shouter[1] којшто кон крајот на четириесеттите години се однесувал на ѕвездите од американскиот Р&Б како што се: Хаулин Волф и Биг Џо Тарнер, двајца од протагонистите на новиот звук.

Најпознатите претставници на Врескачите, главно стационирани во Милано – центарот на музичката продукција од тој период, беа тогашни многу млади пејачи, предодредени за успешна кариера во различна мера, како: Тони Далара, Џо Сентиери, Адријано Челентано (чии движења личеа на оние од познатиот Присли), Клем Сако, Рики Џанко, Џорџо Габер, Џин Колонело, Малиот Тони а меѓу женските гласови: Бети Кертис, Џени Луна, Мина, Анџела и Пацини (позната како Брунета). Позната полемика, создадена од тогашните медиуми, ги спротивставувала Врескачите на претставниците на италијанското мелодиско пеење (Клаудио Вила, Нила Пици, Лучијано Тајоли, Ахил Тољани, Тонина Ториели).

Пробивот на американскиот рокенрол на италијанскиот пазар кон крајот на педесеттите години, донел новини во музичкиот свет: најпрво Елвис Присли успеал да се позиционира меѓу деведесетте најпродавани песни од 1956 година, со Heartbreak Hotel (49 место), Tutti Frutti (52.) и Hound Dog (72.)[2]; а пак Бил Хејли постигнал уште поголем успех со песната Thirteen Women (and Only One Man in Town) (16. место).[2] Следната година, на првата и третата позиција на најпродавани песни повторно се најдоа: Only You (And You Alone) од Platters и Rock Around the Clock од Хејли.[3]

Џубокс од 1971 година

Светот на националната поп музика бил целосно разнишан: дискографи, автори, аранжери, композитори почнале сè повеќе да се интересираат за изведувачите на новиот жанр, од тука се раѓа феноменот за Врескачите. Дури и Модуњо, делумно инспириран од рокот, ја создал неговата Nel blu dipinto di blu, постигнувајќи го највисокото достигнување во тоа време за секој италијански изведувач: победа на Фестивалот во Санремо од 1958. Овие случувања во следните години предизвикале радикални промени на италијанската музичка сцена: намалување на старосната граница на купувачите на плочи, како и ненадејното појавување на многу млади пејачи со непосреден успех, како Џани Моранди и Рита Павоне (1962-1963).

Околу средината на шеесеттите, со доаѓањето со Британската инвазија последователното навлегувањето на рок групите во Италија, инспирирани од Битлси, како во изгледот така и во музиката, Врескачите се повлекле и го отстапиле местото на пејачите, понатаму дефинирани како рокери или beat изведувачи, на пример: Џани Петенати и Пети Право меѓу солистите и The Rokes, The Equipe 84, Camaleonti и Dik Dik меѓу групите.

1959: Џубокс во Il Musichiere[уреди | уреди извор]

Првата телевизиска програма во која се појавуваат Врескачите била Il Musichiere: во емисијата од април 1959 во која на сцената од зад еден голем џубокс излегле и настапиле во живо некои од протагонистите на овој нов стил. По тој настан се снимиле два мјузикли, I ragazzi del juke-box (1959) e Urlatori alla sbarra (1960), што претставуваат еден вид сублимација на жанрот.

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • I ragazzi del juke-box, во режија на Лучо Фулчи (1959)
  • Urlatori alla sbarra, во режија на Лучо Фулчи (1960)
  • Un strano tipo, во режија на Лучо Фулчи (1963)
  1. Празен навод (help)
  2. 2,0 2,1 Празен навод (help)
  3. Празен навод (help)