Врв (геометрија)
Изглед
Врв — теме кое во извесна смисла е „највисокото“ од сликата или телото на кои им припаѓа. Поимот обично се користи за да се однесува на теме спротивно од некоја „основа“.
Рамнокрак триаголник
[уреди | уреди извор]Во рамнокрак триаголник, врвот е темето каде што се спојуваат двете страни со еднаква должина, наспроти нееднаквата трета страна.[1]
Пирамида и конус
[уреди | уреди извор]Во пирамида или конус, врвот е темето на „врвот“ (спроти основата). Во пирамидата, темето е точката што е дел од сите странични лица или каде што се спојуваат сите странични рабови.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Apex“ од Ерик В. Вајсштајн — MathWorld (англиски)
- ↑ Jacobs, Harold R. (2003). Geometry: Seeing, Doing, Understanding (Third. изд.). New York City: W. H. Freeman and Company. стр. 647, 655. ISBN 978-0-7167-4361-3.