Волфганг Бекер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Волфганг Бекер
Wolfgang Becker o.jpg
Роден(а)22 јуни 1954 (1954-06-22) (64 г.)
Хемер, Зауерланд, Западна Германија
ЗанимањеФилмски режисер, сценарист
Активен1988–сега

Волфганг Бекер (германскиː Wolfgang Becker; роден на 22 јуни 1954 година) — германски филмски режисер и писател. Тој е најмногу познат на меѓународната публика за неговата работа на Good Bye Lenin! (2003).

Биографија[уреди | уреди извор]

Бекер студирал германистика, историја и американски студии на Слободниот универзитет во Берлин. После студиите, тој почнал да работи во студио за звук во 1980-та година, а потоа почнал да студира на Германската филмска и телевизиска академија (dffb). Тој започнал со работа како хонорарен снимател во 1983-та година и дипломирал на dffb во 1986-та со Schmetterlinge (Пеперутки), со кој ја освоил Студентската академска награда во 1988-та година, „Златниот леопард“ на Меѓународниот филмски фестивал Лоцарно и Наградата на Премиерот на Саар на Фестивалот Офелус Саарбрукен во 1988-та година.

Режирал една епизода од телевизиската драма Tatort, наречена Blutwurstwalzer, пред да го направи неговиот втор игран филм Kinderspiele (Детска игра, 1992), и документарецот Celibidache (1992).

Во 1994-та година, тој е ја со-основал продукциската компанија „X Filme Creative Pool“ со Том Тиквер, Штефан Арндт и Дани Леви. Од таму тргнал да работи со Тиквер на играниот филм Das Leben ist eine Baustelle (Животот е сѐ што добивате, 1997) кој бил дел од натпреварувачката конкуренција на Берлинале.

Тој бил член на жирито на Венецискиот филмски фестивал во 2004-та година.

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • Пеперутки (1988)
  • Tatort (ТВ серија) (1 епизода, „Blutwurstwalzer“) (1991)
  • <i id="mwLg">Детска игра</i> (Kinderspiele) (1992) - исто така сценарист
  • Животот е сѐ што добивате (Das Leben ist eine Baustelle) (1997) - исто така сценарист и актер
  • Збогум, Ленин! (2003) - еден од сценаристите
  • Добредојдовте во Сао Паоло (Bem-Vindo a São Paulo) (2004) (сегмент)
  • Ballero (2005) - исто така сценарист
  • Германија 09: 13 Кратки филмови за состојбата на нацијата (2009) (сегмент „Krankes Haus“) - исто така сценарист
  • Јас и Камински (2015) - исто така сценарист

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Berlinale: 1997 Prize Winners“. berlinale.de. конс. 2012-01-08. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]