Витежево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црквата во селото посветена на „Св. апостоли Петар и Павле“

Витежево — село во општина Жабари, Србија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

За првпат се споменува во натписи од XV век во Браничевскиот субашук во 1467 година. Според легендата, деспотот Стефан Лазаревиќ имал свои штали во овој крај и подготвувал војници (витези) за борба против Турците, па дел од селото денес е познато како Коњушица. Името на селото првобитно било Витезово за подоцна низ вековите да се промени во Витежево. Пред Втората светска војна, основното училиште, основано во 1895 година, го добило името Стефан Високи. Според пописот во 1863 година, селото имало 142 куќи и 797 жители. Во 2002 година селото имало 863 жители. На последниот пописот во 2011 година, селото имало 721 жител.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Popis stanovništva, domaćinstava i Stanova 2002. Knjiga 1: Nacionalna ili etnička pripadnost po naseljima. Republika Srbija, Republički zavod za statistiku Beograd 2003. ISBN 86-84433-00-9