Вирус (филм од 1999)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Вирус (англиски: Virus) е филм од 1999 година, во режија на Џон Бруно. Главните улоги ги играат: Џејми Ли Кертис, Вилијам Болдвин, Доналд Сатерленд и Џоана Пакула.

Содржина[уреди | уреди извор]

За време на една голема бура, екипажот на еден брод го наоѓа спасот на напуштена модерна платформа. Кога пристигнуваат таму, тие се зачудени, зашто платформата е опремена со врвна технологија, но потполно е напуштена. Набргу, тие откриваат дека на платформата завладеал компјутерски систем кој произведува нови програми и биомеханоиди - механички андроиди, направени од машини и човечки трупови, сомисија да ги истребуваат луѓето.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Вирус“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр, 25.