Виртуелен соговорник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виртуелен соговорник

Виртуелен соговорник или чат-бот (англиски: chatbot) — софтверска програма направена да ги препознае прашањата и да одговори на потребите на корисниците преку автоматизирано заемнодејство, спроведено преку текст или глас. Дејствувајќи како претставник на фирма или марка, виртуелниот соговорник има за цел да го упрости семрежното општење, обезбедувајќи брза испорака на соодветни информации. Оваа технологија служи како удобна алтернатива за општење со оператори во живо или до доаѓање во допир со раководителите на фирмите, за подобрување на делотворноста во заемнодејствата со корисниците и обезбедување брза и достапна поддршка.[1]

Еден од првите виртуелни соговорници била програмата „Елиза“, создадена во 1966 г. од Џозеф Вајзенбаум. Елиза го подражавала усното однесување на психотерапевтот со применување на техники за активно слушање, повторно прашувајќи го корисникот и користејќи изрази како „Ве молам, продолжете“. Овој ран вовед во виртуелните соговорници означува значајна пресвртница, покажувајќи ја можноста на технологијата да го подражава човечкиот разговор и заемнодејство во терапевтски рамки. Градбата на Елиза ја поставила основата за последователни достигнувања во технологијата за виртуелни соговорници, влијаејќи на патеката на виртуелните системи за општење што следеле.

Во Македонија, првиот македонски виртуелен соговорник бил „Славчо“, направен од поранешната телекомуникацискa фирма Vip, пуштен во 2018 г.[2] А1 го усовршил виртуелниот соговорник во 2020 г.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mauldin, Michael L. „ChatterBots, TinyMuds, and the Turing Test: Entering the Loebner Prize Competition“. AAAI (англиски). Посетено на 2024-01-09.
  2. Иванова, Христина (2018-10-29). „Славчо - првиот четбот кој разбира и пишува македонски“. Бизнис Инфо. Посетено на 2024-01-09.
  3. info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „А1 Македонија го усоврши „Славчо" - четбот базиран на вештачка интелигенција“. fakulteti.mk. Посетено на 2024-01-09.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]