Vip operator

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

А1 Македонија или поранешен Vip operator е третиот мобилен оператор во Македонија основан на 27 март 2007 година. На 3 септември 2019 година Vip изврши промена на името и стана дел од А1 групацијата.

Логото на мобилен оператор

Создавање на КејблТел[уреди | уреди извор]

Логото на КејблТел

КејблТел или CableTEL беше најголем оператор на Електронска Комуникациска Мрежа во Македонија. Создаден е со обединување на 13 кабелски оператори од Македонија, од страна на група стратешки американски инвеститори[1].

Нудеше повеќе сервиси и разновидни пакети за своите корисници, како Кабелска Аналогна ТВ, Кабелска Дигитална ТВ, Кабелски Интернет (docsis), Кабелски Интернет (LAN) и фиксна телефонија[2].

На 11 ноември 2011 година фирмата КејблТел се ребрендира во „Близу“ (Blizoo).[1]

Консолидација и згаснување на „One“ и „Blizoo“[уреди | уреди извор]

„Vip operator“, „One mk“ и „Blizoo mk“ од 11 мај 2016 официјално се споиле во една компанија.[3] Одлуката била донесена на Собранието на акционери одржано на 17 јуни 2015 година, со прифаќање на Спогодбата за присоединување. Фирмите „One mk“ и „Blizoo mk“ од 11 мај 2016 престанале да постојат како правни лица, а сите вработени, како и целокупниот имот и обврски биле преземени од „Vip Македонија“. На 3 септември 2016 година, „Vip Македонија“ најавил дека компанијата ги згаснува двата продуктни бренда „One“ и „Blizoo“ и вовела еден бренд - „Vip“,[4] (подоцна променет во one.Vip) под чија капа компанијата продолжила да го нуди целото свое портфолио на услуги наменети за приватни и деловни корисници.

Во следниот период, компанијата се ребрендираше во А1 Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Моповска, Маја (3 ноември 2009). „И Кју Ти Ви нов сопственик на КејблТел“. Makfaks. Посетено на 10 јануари 2010.
  2. Додевска, Анета (14 мај 2008). „„Кејблтел" нуди телевизија, интернет и телефонија“. А1. Посетено на 10 јануари 2010.
  3. One, Blizoo и Vip ќе се спојат во една голема компанија
  4. One и Blizoo влегуваат под една капа - Vip

Надворешни врски[уреди | уреди извор]