Прејди на содржината

Википедија:Што е статија?

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Википедија:Статија)
Помош:СодржинаПомош:Содржина
Помош:Содржина
Помош:Содржина

Што е статија?

Поврзано: Википедија:ЧПП.
Кратенки:
ВП:СТАТ

Статија на Википедија е страница која содржи енциклопедиски информации. Список на сите статии на Википедија ќе најдете на Специјални:СитеСтраници, а на Википедија:Статистики се наведени разни статистики за Википедија и нејзиниот развој. „Статиите“ му припаѓаат на главниот именски простор на страниците на Википедија (наречен и „именски простор за статии“) кој не содржи страници од наменските именски простори, како:

  • именскиот простор „Википедија“ содржи материјали од информативен или технички карактер поврзан директно со Википедија (пример: Википедија:Консензус и нејзината страница за разговор, Разговор за Википедија:Консензус);
  • именските простори „разговор“ служи за водење на дискусии за содржината на статијата (пример: Разговор:Македонски јазик)
  • именскиот простор „специјални“ содржи посебни службени страници што ги доздава програмот по потреба (вид. Помош:Специјални страници);
  • именскиот простор „корисник“ служи за страници на поединечни уредници на Википедија (пример: Корисник:Пример).
  • именскиот простор „податотека“ служи за опишување на слики и наведување на нивото потекло, автор и сл. (пример: Податотека:Great Horned Owl.USFWS.jpg)
  • именскиот простор „МедијаВики“ служи за страници што наведуваат кратенки и низи од текст што се користат во Википедија (пример: МедијаВики:Aboutsite/mk-nonfree)

Но не сите страници во именскиот простор за статии се сметаат за статии - најважни исклучоци се:

  • Главната страница;
  • голем број на страници за појаснување кои служат расчленување на наслови на статии кои се исти или слични, а обработуваат различни теми;
  • огромен број на страници за пренасочување кои овозможуваат префрлување кога треба една страница (наслов) да води кон некоја друга;
  • за статистички цели, извесни претерано кратки страници не се бројат како статии.

Програмот кој раководи со Специјални:Статистики автоматски ја дава следнава дефиниција за статија: секоја страница во именскиот простор за статии која не е пренасочување и содржи барем една викиврска. Статистичкиот програм моментално нема начин да утврди кои страници се пренасочувања, но затоа не ги смета ни никулците (но, во секој случај, постојат доста статии што се обележани како никулци, за всушност се опширни) или пак списоци со никулци (предлошки со списоци чии страници немаат содржина или имаат сосем малку).

Погледајте ја страницата Википедија:Конвенции за именување за да дознаете како да именувате статии. На Специјални:ЗаштитениСтраници се наведени страниците што се заштитени, т.е. што можат да ги уредуваат само регистрирани корисници или администратори.

Квалитет на статиите

[уреди извор]

Статиите во голема мера се разликуваат по квалитет, од избрани статии, па сè до кандидати за брзо бришење. Некои се долги и богати со содржини, додека пак други се кратки и оскудни (веројатно никулците).

Поврзано

[уреди извор]

Надворешни врски

[уреди извор]