Википедија:Образовна програма:ООУ „Круме Кепески“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на Образовната програма на Википедија
Лого на Образовната програма на Википедија

Образовната програма на Википедија во ООУ „Круме Кепески“ има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии од разни области на Википедија на македонски јазик од страна на учениците на основното училиште „Круме Кепески“ во Скопје. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Потфатот треба да опфати категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат учениците. Страницата на потфатот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата.

Работата на учесниците во овој образовен потфат е насочена кон остварување на следните цели:

  • создавање нови квалитетни статии од различни области;
  • подобрување на квалитетот и надополнување на постоечките статии;
  • зголемување на обемот на стручни содржини од различни области на македонски јазик.

Учебни години[уреди извор]