ОУ „Круме Кепески“ - Кисела Вода
Круме Кепески
| |
---|---|
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Кисела Вода |
Наречено по: | Круме Кепески |
Нас. место: | Кисела Вода |
Адреса: | ул. „Сава Ковачевиќ“, бр. 76 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1962 |
Директор: | Павлина Трипуновска |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | ooukrumekepeski.edu.mk |
Е-пошта | ooukkepeskisk@gmail.com |
Основно училиште „Круме Кепески“ (официјално: Основно општинско училиште „Круме Кепески“ - Кисела Вода; скратено: ООУ „Круме Кепески“) — централно основно училиште во скопската населба Кисела Вода, Општина Кисела Вода.[1]
Училиштето е именувано по истакнатиот македонист и учебникар Круме Кепески.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето започнало со работа на први септември 1962 година под називот „13 Ноември“.
Имено, борците на Народно ослободителната војска кога го ослободувале Скопје, навлегле токму во месноста Кисела Вода на 13 ноември 1945 година. На ова место е подигната и чешма како вечен спомен за херојските подвизи на скопските илегалци и борците од Третата и Дванаесеттата македонска ударна бригада. На ова место пред педесет години се удрени и темелите на нашето училиште.
Првата генерација наставници броела вкупно 40 и изведувале настава за 1000 ученици. Бројот на учениците во текот на наредните години пораснал на 1.400, така што училиштето се сретнало со проблемот на недостиг на работни простории.
Од 1976 до 1982 година во училиштето бил изграден дневен престој со три простории, модерна трпезарија и кујна, а завршена била и училишната зграда во населбата „Припор“.
Во 1993 година, училиштето го сменило името во „Круме Кепески“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-08.