Википедија:Избрана статија/2015/06

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Куполата на базиликата „Св. Петар“ во Рим

Ренесансна архитектураархитектура на периодот помеѓу раниот XV и XVII век во различни региони на Европа, во која имало свесно заживување и развој на одредени елементи од античката и римската мисла. Стилски, ренесансната архитектура ја следи готската архитектура, а подоцна е наследена од барокната архитектура.

Ренесансниот стил го става акцентот на симетријата, пропорцијата, геометријата и регуларноста на деловите како што се покажани во архитектурата на античкото време, особено во старата римска архитектура од која останале многу примери. Уредените аранжмани на столбовите, пиластрите и надвратниците, како и употребата на полукружни сводови, хемисферини куполи, вдлабнатини и мали згради-храмови ги замениле посложените пропорционални системи и неправилните профили на средновековните градби.

Развиен прво во Фиренца со делата на Филипо Брунелески, како еден од неговите основоположници, ренесансниот стил многу бргу се проширил и во другите италијански градови, а потоа во Франција, Германија, Англија, Русија и на други места. Најпознати архитекти од ренесансата се: Донато Браманте, Антонио да Сангало Помладиот, Рафаело Санти, Микеланџело Буонароти, Андреја Паладио и други. (Дознај повеќе...)