Незагрозен вид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Графичка претстава на статусот

Незагрозен вид (или најмала загриженост; крат. LC, од анг. Least Concern) — заштитна категорија на Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП, IUCN) што им се доделува на видовите (или пониските таксони) што се безбедни и многубројни, па затоа не се сметаат за загрозени, речиси загрозени или (пред 2001) зависни од заштита. Тука спаѓа голем број на мошне застапени видови како обичниот гулаб, медоносната пчела, тигрест комарец, смрека, луњата полжавојатка, светото рибарче, викуњата, домашниот глушец, како и самиот човек.

За да го добие овој статус, еден вид мора да се оцени според бројноста на единките и нивните животни околности. За таа цел се врши непосредно или посредно разгледување на ризиците од загрозување и изубмирање врз основа на распределбата.

Иако „најмала загриженост“ не е дел од самиот црвен список на МСЗП, списокот од 2006 сепак ја доделува оваа категорија ма 15.636 таксони. Во оваа категорија влегуваат вкупно 14.033 животински видови (каде спаѓаат и неутврдени видови како жабата од родот Philautus[1]). Покрај ова, во класата влегува и 101 животински подвид, како и 1.500 растителни таксони (1.410 видови, 55 подвидови и 35 вариетети). Наведени се и две животински поднаселенија: австралазиските и јужноафриканските бодликави морски кучиња (вид ајкули). Во категоријата нема габи и протисти, што е разбирливо земајќи предвид дека МСЗП има проценето само четири вида од тие две царства. Во 2008 овој статус го добил и човекот, по формална проценка на светското население.[2]

Слични класификации[уреди | уреди извор]

  • COSEWIC: NAR (Not At Risk = „вон ризик“)
  • NatureServe: G5 (Secure = „безбеден“)
  • WWF - RS (relatively stable/relatively intact = „релативно стабилен/релативно недопрен“) за екорегиони.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Philautus sp. nov. 'Kalpatta'. Загрозени видови на Црвениот список на МСЗП. Посетено на 19 декември 2006. (англиски)
  2. „Црвен список - Homo sapiens“. Загрозени видови на Црвениот список на МСЗП. Посетено на 12 октомври 2008. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]