Видеопрегледувач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Видеопрегледувач или видеоизведувач (англ. video player) е вид на мултимедијален изведувач за прегледување на дигитални видеоподатоци од медиуми како оптички дискови (на пр. DVD, VCD), како и податотеки со соодветен формат како MPEG, AVI, RealVideo и QuickTime.

Покрај функциите слични на видеорекордер како пуштање, паузирање, сопирање, премотување назад и напред, видеопрегледувачите обично имаат и други функции како приближување/цел екран, избор на аудиоканали, избор на преводи (титлови) и фаќање на кадри.

Многу видеопрегледувачи исто така поддржуваат просто преслушување на дигитални аудиоснимки.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]