Вива Марија (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Вива Марија!“ (Viva Maria!) — филм на режисерот Луј Мал од 1965 година. Главните улоги ги играат: Брижит Бардо, Жана Моро и Џорџ Хамилтон.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во Централна Америка во 1907 година. Марија Втора е ќерка на ирски терорист. По смртта на татко ѝ, таа ја запознава Марија Прва, која работи како пејачка во циркус. Марија одлучува да остане во циркусот и кога треба да дебитира како пејачка, таа случајно го открива стриптизот, па така циркусот станува познат. Потоа, двете случајно запознаваат едне револуционер-социјалист и се вклучуваат во револуцијата против диктаторскиот режим, капиталистите и црквата...

Наводи[уреди | уреди извор]