Весна Кираџиева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Весна Кираџиева
Роден 24 јануари 1986
Родно место Скопје, Република Македонија
Националност Македонка

Весна Кираџиева (родена 24 јануари 1986 во Скопје, Република Македонија) е македонска атлетичарка, авторка и политичка активистка.

Кираџиева е атлетска репрезентативка на Македонија и рекордерка во повеќе атлетски дисциплини, но најистакната како рекордерка и шесткратна шампионка на Македонија[1] во маратон. Дипломиран криминалист на Факултет за безбедност – Скопје. Авторка на неколку книги и кратки приказни за деца. Политичка активистка. Една од ретките спортисти, која јавно излезе со став во борбата за зачувувањето на името на Република Македонија.[2]

Рани години (семејство)[уреди | уреди извор]

Кираџиева е родена 24 јануари 1986 во Скопје, Република Македонија. Нејзиниот татко, Атанас Кираџиев е роден во семејство на „деца бегалци“ од Егејска Македонија: дедото на Кираџиева, Стојан Кираџиев роден во с. Поздивишта, Костурско е борец во НОБ; нејзината баба, Сандра Кираџиева[3] е родена во с. Нивици, Леринско; и двајцата протерани во егзодусот на Егејците во денешна Грција (Егејска Македонија). Нејзината мајка, Лилјана Трајковиќ – Кираџиева е со српско потекло. Братот на Кираџиева, Александар Кираџиев[4] е исто така познат македонски атлетичар и долгогодишен репрезентативец на Македонија.

Атлетска кариера и спорт[уреди | уреди извор]

Со атлетика почнува да се занимава од 12 годишна возраст, во 1998г, под тренерската палка на Методија Веновски – Мето. Уште од мала почнува да реди успеси на училишните и пионерските првенства со многу освоени титули.

Во 2000 година станува редовна репрезентативка на Атлетска репрезентација на Македонија[5] во наредните 20 години, каде е активен член, се до 2020г.

Врвот на кариерата го достигнува како повеќекратна рекордерка[6][7] и шампионка[8] на Македонија во повеќе дисциплини[9]; од 800м. до маратон.[10][11][12][13]

Во 2009 година, го основа атлетскиот клуб „Безбедност“, кој во 2014 е преименуван во А.К. „Индјуренс“ и Кираџиева е претседател на истиот.

Освен со атлетика, таа рекреативно се занимава и со нуркање и е дел од Спелео-нуркачкиот клуб „Врело“[14] од самото негово основање, како еден од основачите на клубот. Овој клуб се истакнува како еден од најзначајните нуркачки клубови во Македонија со промоција на пештерата „Вело“ и Кањонот „Матка“ во европски и светски рамки, поради нуркачките експедиции на клубот во подводната пештера која се смета за една од најдлабоките водени пештери во Европа, а која сѐ уште се истражува.

Образование[уреди | уреди извор]

Образованието го завршува во родниот град. Основно образование завршува во ОУ „Лазо Ангеловски“, додека средно продолжува во училиштето за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“.

Како дипломиран криминалист завршува на Факултетот за безбедност – Скопје (тогаш познат како Полицика академија) во 2008 година.

Волонтерска работа[уреди | уреди извор]

Во период од 2012-2014 година, волонтерски е вклучена во тимот на Волонтерски Центар Скопје[15], каде е активна во придонес преку пишување статии и интервјуа за списанието „Воисес“ (Voices)[16].

Во период 2013-2014 година, живее, тренира и работи во Љубљана, Словенија. Таму работи волонтерски во Центарот „Јанез Левец“ (Center Janeza Levca Ljubljana) со деца со попреченост и е активен дел од организацискиот тим на Фестивалот за инклузивност „Играј си со мене“ (Igraj se z mano).

Продолжува да тренира во Љубљана со еден од најпознатите тренери и атлетичари на долги патеки во Словенија, Роман Кејжар.

Авторка[уреди | уреди извор]

2017 ја изадава првата книга, „Издржи, кралице“[17], во која како ко-автор се јавува и нејзиниот брат, Александар Кираџиев;

2021 го изадава второто продолжение од двологијата „за кралицата“ – „Кралицата ќе издржи“[18];

Награди: Бајката „Авантурите на Трепколетка“[19].

На конкурсот за новосоздадени бајки на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“, спроведен во 2020 година, бајката на Кираџиева, „Авантурите на Трепколетка“ влезе во потесниот избор. Избрана како дел од бајките во збирка „Детелинки белинки“. „Авантурите на Трепколетка“ е дел од оваа збирка современи бајки од Македонија, како една од наградените, кои се влезени во потесниот избор. Книгата е издадена во 2022 г. Книгата е преведена и на хрватски јазик. Хрватскиот превод на книгата „Детелинки белинки“, објавен по повод 15 години Лекторат по македонски јазик во Риека.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

2021 беше кандидат за градоначалник на Општина Аеродром на Локалните избори во Македонија (2021).[20]

2022 е назначена за координатор на Сектор спорт на ПП Левица и станува полноправен член на Централниот комитет на партијата.

2023 е назначена за прва раководителка на Антифашистичкиот фронт на жените на Левица (АФЖ-Л).[21]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Шампионот во маратон Весна Кираџиева кандидат на Левица за градоначалник во Аеродром“. time.mk. Посетено на 2024-04-04.
  2. Kiradjieva (2018-09-07). „Атлетска репрезентација на FYROM?!!“. Endurance MK (англиски). Посетено на 2024-04-04.
  3. Кираџиева, Весна (2021-06-24). „Кираџиева: Свидетелство на баба ми Сандра од Егејска Македонија каде пишува дека е Mакедонка“. Антропол. Посетено на 2024-04-04.
  4. „Несуден криминалист со врвни резултати: Интервју со Александар Кираџиев, најдобриот македонски маратонец“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2024-04-04.
  5. „Македонките со сребро од Балканијада!“. time.mk. Посетено на 2024-04-04.
  6. endurancemkd (2013-05-24). „НОВ НАЦИОНАЛЕН РЕКОРД НА 10.000м. на Весна Кираџиева – 41:10:28!!!“. Endurance MK (англиски). Посетено на 2024-04-04.
  7. „Skopski Maraton - Одличен успех на нашата маратонка Весна Кираџиева. Денес во Милано го собори македонскиот рекорд во маратон, кој и до сега беше во нејзина сопстгвеност. Новиот рекорд изнесува 3 часа 7 минути и 55 секунди, што е за скоро цели 7 минути подобар резултат од претходниот рекорд. Со овој резултат Весна се најде на 16-то место во женска конкуренција на 15-то издание на Милано маратон. Честитки за Весна од Виз Ер Скопски маратон, и посакуваме на 10 мај во Скопје пред домашната публика повторно да го собори македонскиот рекорд. | Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2024-04-04.
  8. „Kираџиева најави 6-та победа на државниот шампионат“. Сител Телевизија. Посетено на 2024-04-04.
  9. „АФМ ГИ ОДБРА НАЈУСПЕШНИТЕ ВО АТЛЕТИКАТА ЗА 2019 – Sport Info MK“ (англиски). Посетено на 2024-04-04.
  10. „Весна Кираџиева победи на Авицена женската трка во Скопје, трчаа над 2.000 жени“. time.mk. Посетено на 2024-04-04.
  11. „IAAF WORLD CHAMPIONSHIPS“. worldathletics.org. Посетено на 2024-04-04.
  12. „IAAF WORLD CHAMPIONSHIPS“. worldathletics.org. Посетено на 2024-04-04.
  13. „АФМ ГИ ОДБРА НАЈУСПЕШНИТЕ ВО АТЛЕТИКАТА ЗА 2019 – Sport Info MK“ (англиски). Посетено на 2024-04-04.
  14. „Спелеонуркачки клуб Врело - Македонија“. Спелеонуркачки клуб Врело - Македонија. Посетено на 2024-04-04.
  15. „Home“. Volunteers Centre Skopje. Посетено на 2024-04-04.
  16. „Изданија VOICES“. Volunteers Centre Skopje. Посетено на 2024-04-04.
  17. „Издржи, кралице : реални приказни за растежот, падовите и успесите на еден брат и една сестра во свет во кој трчањето е помалку од ништо но повеќе од сè“. literatura.mk. Посетено на 2024-04-04.
  18. „Промоција на книгата „Кралицата ќе издржи“. time.mk. Посетено на 2024-04-04.
  19. Умно.мк, од (2023-08-29). „Промоција на хрватскиот превод на „Детелинки белинки" во Охрид - УМНО.МК“. Посетено на 2024-04-04.
  20. „ЖЕНА ЌЕ ТРЧА ЗА ЛЕВИЦА ВО АЕРОДРОМ Весна Кираџиева е шесткратна шампионка во маратон“. time.mk. Посетено на 2024-04-04.
  21. „Колонизираниот народ секогаш гравитира околу колонизаторот“. Фокус (англиски). 2023-10-26. Посетено на 2024-04-04.