Веропулос

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Верополос)
Група Веропулос
ВидСамостојна компанија
Дејностсупермаркет
Основано1973
СедиштеАтина, Грција
Испостави
242 (2011)
Клучни личности
Костас и Алекос Веропулос (сопственици)
Производиовошје, зеленчук и други прехранбени продукти
Вработени
6,000 (2011)
Мреж. местоhttp://www.veropoulos.gr/

Веропулос (грчки: Βερόπουλος) е голема група супермаркети од Грција. Ја држи СПАР категоријата за супермаркети во Грција. На Крит, Веропулос е познат под името "Ксалкиадатис". Надвор од Грција, Веропулос има супермаркети во Македонија познат како "Веро", и во Србија познат како "СуперВеро". Компанијата беше создадена во 1973, кога првиот Веропулос супермаркет се отвори во Атина. Од 2012, компанијата има 220 продавници во Грција, 12 продавници во Македонија (6 супермаркети во Скопје; Тафталиџе, Аеродром, три во Центар и Чаир, 1 во Тетово 2 и 2 Веро супермаркети во Битола; на Широк Сокак и во Нова Битола) и 6 хипермаркети во Србија. Во Грција, Веропулос е четвртиот најголем ланец на супермаркети во економска смисла. Фирмата припаѓа на фамилијата Веропулос која е исто и сопственик на компанијата.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]