Прејди на содржината

Вента (водопад)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Водопад Вента
Vemtas rumba
Карта
МестоКулдига, Латвија
Вкуп. висина1,6 – 2,2
Слапови1
Вкуп. ширина279
РекаВента

Водопадoт на реката Вента (латвиски: Vemtas rumba) – природен водопад во Латвија, во градот Кулдига во историската област Курландија. Тој е најширокиот водопад во Европа при полноводност. Во 1997 година е вклучен во природниот резерват на Вентската долина како споменик на природата и туристичка атракција.[1][2][3] Водопадoт често погрешно се нарекува Кулдигски, но во стварност Кулдигскиот се наоѓа на неколку стотини метри од него.[2]

Големина

[уреди | уреди извор]

Ширината на водопадот зависи од количеството врнежи и топењето на снегот, па при полноводност и оптимални услови може да достигне до 279 м, измерени по неговата контура. Со оваа големина тој е најширокиот природен водопад во Европа. Неговата средна ширина во сите годишни сезони е околу 100-110 м. Неговата височина се движи меѓу 1,6 и 2,2 м, во зависност од полноводноста на реката.[1]

Образување

[уреди | уреди извор]

Водопадот е образуван од девонски доломит и формирањето му се должи на разликата во тврдоста на минералите меѓу долниот и горниот дел. Долниот дел е помек и еродира побрзо оставајќи го горниот дел да се надвисне над него. Тие горни, поиздигнати делови, се откршуваат и паѓаат во реката. Како резултат на тоа, водопадот полека се повлекува и, бидејќи протокот во централниот дел е помоќен, средината постепено се поместува понагоре во однос на страните.[4][5]

Историја

[уреди | уреди извор]

Водопадот одиграл особена улога во создавањето на градот Кулдига. Водопадот е препрека за движење на трговските пловила и градот изникнува како станица за претовар на стоките.[6] За да се расчисти водниот пат, курландскиот херцог Јакоб фон Кетлер наредува водопадот да се разнесе. После првата експлозија се одделуваат големи камени блокови и водопадот ја менува својата патека. Според легендата, од детонацијата ѕидовите на неговиот дворец, кој е близу до Вента, напукуваат и херцегот се откажува од идејата.[5][7]

Извивката на водопада
Тухленият мост

Во средината на XVII век тој почнува со ископ на заобиколен канал за да се избегне водопадот. Ископот почнува на десниот брег на реката, но идејата не е реализирана бидејќи доломитот е многу тврд и работата е бавна и тешка.[5] Во меѓувреме бродовите стануваат поголеми и длабочината на Вента веќе не им дозволува да пловат по неа.[4][6] Само во текот на пролетната полноводност дел од водите на реката навлегуваат во плиткиот канал и го формираат островот Мартин.[5]

Околу 1640 година, Кетлер измислил интересен начин на риболов. Наредил по камењата на кривата на водопадот да се прицврстат 100 големи плетени коша. .[8] Пливајќи спроти текот, лососот и руска есетраесетрата се обидуваат да ја поминат височината на водопадот со скокови и паѓаат право во кошовите.[1] Подоцна претприемчивите рибари почнуваат да земаат под наем по неколку метри од водопадот, ги поставуваат кошовите и чекаат да се наполнат.[9] На таков начин ловат околу 80 до 100 риби, што им носи добар годишен приход.[3][6] Лососот во реката одамна исчезнал, а во текот на 1892 година уловена е и последната есетра. Во денешно време во Вента главно се лови попадика.[7] Во периодот на мрестење риболовот е забранет.[8]

Во текот на XIX век Руската Империја планирала да создаде мрежа од канали кои би ги споиле сите мориња од нивниот европски дел.[7] Идејата е да се спојат Баличко МореБалтичкото и Црно МореЦрното Море преку реките Вента, Неман и Днепар. За оваа цел турски воени заробеници почнуваат да копаат канал за врска, што се покажува многу тешко заради доломитот низ кој треба да биде прокопан. Освен тоа се установува дека Вента не доволно широка и длабока за пловидба на бродови. Изградбата е прекината во 1831 година, а прокопувањето на каналот околу водопадот, 30 години подоцна. Остатоците од тој канал се гледаат и во наше време.[7][10]

И во денешно време од брзаците се вади големо количество риба.[1] Двапати во годината, во април и октомври, се јавува интересен феномен – рибите се упатуваат нагоре по реката за да се мрестат и се обидуваат да го поминат водопадот со прескокнување по воздух.[2][8] Затоа градот Кулдига го добил прекарот „Градот на летечките риби“.[9]

На 240 м од водопадот се наоѓа прочуениот во земјата Кулдигски тулен мост. Изграден е во 1874 година и е најдолгиот мост од тули во Европа кој е во функција.[5][6] Изграден е по градежните стандарди на своето време, па по него можат да се разминат две колски запреги.[2] Ширината му е 8 m, а должината 164 m. Изграден е по модел на мостот на реката Мозел во Германија, кој е подигнат уште во времето на Римското ЦарствоРимската Империја. Реставриран е во 2008 година и денес е во експлоатација.[6]

Покрај реката и водопадот направена е дрвена патека за прошетки и набљудување.[10] Го посетуваат преку 130 000 туристи годишно.[8]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]