Ваташка Чалгија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ваташка Чалгија
ПотеклоВаташа, Кавадарци Македонија Македонија
Жанровинародна музика, чалгиска музика

Ваташка Чалгија е првата музичка чалгија во Македонија, првата група.

Историја[уреди | уреди извор]

Почетоците на Ваташка Чалгија се помеѓу двете светски војни. Најстариот состав на Ваташка Чалгија е Мимило Димов Дулот (ќемане), Трајко Покрајѕидаров (дире), Диме Баснарков (дире), Гиго Карадаков (брач), Цандо Бојаџиев (брач), Ангел Робозинарот Гамачот (грнета), Ристо Команичевецот (грнета). После втората светска војна во составот на Ваташката Чалгија свират Мило Димов Дулот (ќемане), Ило Маренецот (грнета), Трајко Нашов (брач), Ристо Јанаќиев Дончев (дире), Дончо Јанаќиев Дончев (дире) познати како Браќа Дончеви и Ристо Стојанов. Во 1970 година на Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци во организација на Телевизија Скопје се одржува Фестивалот на Чалгија каде имаше учесници од Цела Македонија, каде го освојуваат првото место, истата година освојуваат прво место на фестивалот на старогратска музика Охридски старогратски средби во Охрид. Потоа во Ваташката Чалгија се приклучуваат: Димо Дулот (ќемане), Мустафа Муто Сејфулов (грнета) и Фидо Јанаќиев (дире). Долги години Ваташката Чалгија била под раководство на Ристо Јанаќиев Дончев близу 50 години.

Во 2013 година е направен потег за враќање на Ваташката Чалгија во состав на: Димо Димов Дулот виолина (ќемане), Фазли Сејфулов кларинет (грнета), Ристо Јанаќиев Дончев дајре (дире), Лазо Нашев (џумбус), Васил Ристов (брач), Фидо Јанаќиев дајре (дире), Перо Пењушков (вокал).

Творештво[уреди | уреди извор]

Ваташка Чалгија низ годините има снимено многу нивни авторски и народни песни заедно со Браќата Дончеви Ристо и Дончо Јанаќиев (Дончеви). Познатите чалгиски песни се: Летај пиле шарено, Големи маки тегневме, Развивај горо зелена, Збогум стара планино, Ој Ленче Ленче, Ајде да одиме Маре мори, Благуно, Кога сонцето изгрева, Песна за Христо Узунов, Славна остана гарата на Криволака, Да ми пукниш мила мамо, Иванице мори галабице и многу други...

Надворешни врски[уреди | уреди извор]