Василиј Баумгартен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Василиј Баумгартен (руски: Василий Фёдорович Баумгартен; во македонските извори наведуван и како: Вилјем Баумгартнер и Вилијам Баумгартнер; Петроград, Русија, 1879 - 1941) бил руски архитект, кој во 1920 год. се доселил во Белград, Кралство Југославија.

Проектирал објекти за потребите на војската, во рамките на Министерството за војската. Автор е на Офицерскиот дом во Скопје, изграден во периодот од 1925 во 1929 год., којшто се одликувал со еклектички руски декоративизам, но бил разурнат од скопскиот земјотрес во 1963 година. Во 1930 год. ја напуштил војската и се занимавал со проектирање објекти од општествен карактер, како што се Хипотекарната банка и Рускиот дом во Белград.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Константиновски, Георги (2001). Градителите во Македонија XVIII - XX век. Скопје: Табернакул. стр. 34. ISBN 9989-647-88-7.