Прејди на содржината

Варлам Шаламов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Варлам Шаламов
Роден 18 јуни 1907(1907-06-18)
Волоград, Руска Империја
Починал 17 јануари 1982(1982-01-17) (возр. 74)
Москва, СССР

Варлам Тихонович Шаламов (1907-1982) - руски писател, поет и новинар.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Шаламов бил затвореник во логорот Гулаг. Во 1956 година, тој бил рехабилитиран и му било дозволено да се пресели во Москва, каде работел како дописник на книжевното списание „Москва“.[1]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Своите искуства од заробеништвото во Гулаг, Шаламов ги опишал во збирката „Раскази од Колима“. Неговите логорски раскази биле прокриумчарени на Запад, каде биле издадени во 1966 година, а во Русија биле објавени како самиздат. Целосното издание на овие раскази се појавило во Лондон во 1978 година, и тоа на руски и на англиски јазик.[1]

Неговите „Раскази од Колима“ се објавени на македонски јазик во 2011 година (од „ВиГ Зеница“).

  1. 1 2 Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 268.