Варзуга
Варзуга | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Бело Море |
Должина | 254 км |
Особености на сливот |
Варзуга (руски: Варзуга) е река што тече преку источниот дел на Мурманската област, на крајниот северозапад на европскиот дел на Руската Федерација. Својот тек го започнува во мочурлива област во централниот дел на Колскиот Полуостров, тече во јужен правец и по 254 километри проток се влева во Белото Море. Површината на сливното подрачје на реката Варзуга е околу 9 840 км2, додека просечниот проток во зоната на устието е околу 77 m³/s. Највисокото ниво на вода е во пролет кога се топи снегот и мразот, а протокот на устието е до 300 m³/s. Од октомври до мај е под мраз.
Во горниот дел на потокот, позната е како Мала Варзуга, а откако добил две помали притоки Варза и Варговја, се нарекува и Голема Варзуга. Во горниот и средниот дел на потокот, се одликува со високи и карпести брегови и бројни брзаци и помали водопади во коритото на реката. Само околу десет километри возводно од устието, бреговите стануваат ниски и песочни. Целата должина на текот на крајбрежјето на Варзуга е обрасната со борови шуми. Се влева во Белото Море преку естуарскиот влиив кој е широк околу 250 метри, а длабочината на водата во зоната на вливот е околу 3 метри.
Во реката се влеваат реките Пана, Пјатка, Кочкома, Военга, Кривец, Јапома, Мелга, Серга, Кица итн. Од кои најважните притоки се Пана (114 km), Пјатка (35 km), Серга (35 km) и Кица (52 km). На реката има повеќе од триесетина брзаци, меѓу кои Ревуи, Јузија, Мали Ретун, Ливка , Котелња, Туверенга, Јапомски, Аренски, Сечетински, Оралиха, Мечка, Сережни, Студенси, Порокушка, Куче, Којтургов, Клетнаја и Морској.
Најважните населби на нејзините брегови се селата Варзуга и Кузомењ. Во долниот тек, недалеку од устието на реката, има неколку острови, од кои најголеми се Виканаја Курија и Сиговец.
Реката тече низ територијата на Терскиот и Ловозерскиот регион. Дел од јужниот кољлски брег западно од устието на Варзуга традиционално е наречен Кандалакшки, а источно Терски брег.
Поголемиот дел од речните и крајбрежните земји се заштитени како дел од Варзушкиот природен резерват.
Значајно е мрестилиштето атлантскиот лосос. Во текот на сезоната, над 10.000 лососи се уловени и вратени во овој речен систем. Омилени модели на лосос во риболовот се Кола Вулкан, Кола син оган, Кола оган и Колаландер.