Ваганска пештера
Ваганска пештера е пештера на 20 km од Шипово, во Република Српска, БиХ. Се наоѓа во североисточниот дел на планината Виторог, над селото Ваган, на надморска височина од 920 m. Пештерата е од крашко потекло изградена од мезозички варовник. Долго им служела на очарите како засолниште од временските непогоди, но во последните години станала интересантна поради туризмот. По концентрација на сталактити и сталагмити, таа е една од најзначајните подземни објекти во Република Српска. До сега се истражени околу 420 m од пештерата. Ваганска пештера е живеалиште на ретки видови на лилјаци, а под заштита е од 1970 година. Оваа пештера е под заштита на Заводот за заштита на културно историско и природно наследство на Република Српска, и спаѓа во природно добро од I категорија.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Пештери во Република Српска
- Заводот за заштита на културно историското и природното наследство на Република Српска
Наводи
[уреди | уреди извор]Извори
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Приједлог за стављање под заштиту као природног добра од изузетног значаја, Републички завод за заштиту културно-историјског и природног насљеђа, Бања Лука, 2008, [1]