Бурано

Координати: 45°29′09″N 12°25′03″E / 45.485771° СГШ; 12.417487° ИГД / 45.485771; 12.417487
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бурано
Бурано
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value
Географија
Координати45°29′09″N 12°25′03″E / 45.485771° СГШ; 12.417487° ИГД / 45.485771; 12.417487
Соседни водни површиниВенецијанска Лагуна
Површина210.800 м2
Највисоко издигнување1 м
Управување
КомунаВенеција
Демографија
Население2,777

Бурано (италијански: Burano, венецијански: Buràn) — остров во Венецијанската Лагуна, северна Италија, во близина на Торчело, на северниот крај на лагуната, познат по занаетчиската изработка на чипка и исфарбаните куќи со светли бои. Основната економија е туризмот[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Островот најверојатно бил населен од Римјаните, а во 6 век бил окупиран од луѓе од Алтино, кои го нарекле за една од портите на нивниот поранешен град. Две приказни се припишуваат на тоа како градот го добил своето име. Една од нив е дека првично бил основан од семејството Буријана, а друго е дека првите доселеници на Бурано доаѓале од малиот остров Буранело, околу 8 километри јужно од Бурано.

Бурано бил основан од страна на Римјаните, кои се селеле од страв од налетот на варварите и градот го именувале по еден од своите поранешни градови. Првите првите куќи на ова место ги подигнувале од кал и трски, а подоцна едноставните градби биле заменети со поиздржливи куќи од цигла, кога и настанала традицијата на боење на домовите во најразлични бои. Кога рибарите во минатото се враќале дома, поради маглата тие не можеле да ги препознаат своите домови, па оттогаш започнале истите да ги бојат во најразлични бои.

Иако островот наскоро станал просперитетна населба, тој бил администриран од Торчело и немал никакви привилегии. Островот станал важен само во 16 век, кога жените на островот започнале да прават тантела со игли, кои биле воведени за таква трговија преку Кипар, кој бил под венецијанско владеење. Кога Леонардо да Винчи го посетил во 1481 година, тој купил ткаенина за главниот олтар на Дуомо ди Милано. Производството наскоро било извезувано низ цела Европа, но трговијата започнала да се намалува во XVIII век, а индустријата не заживеала сè до 1872 година, кога било отворено школо за ликовна уметност. Денес тантелата уште се произведува, но само мал број жени ја изработуваат на традиционален начин и затоа е многу скапа.

Географија[уреди | уреди извор]

Бурано е 7 километри оддалечен од Венеција, и до плоштадот Свети Марко со венецијански воден автобус се стигнува за 40 минути.

Островот е поврзан со Мацорбо со мост[2]. Населението на Бурано е околу 2.800 жители. Првично, имало пет острови и канал кој денес е под земјата. Така, денес има четири острови кои се разделени со три внатрешни канали: рио „Понтинело“, рио „Џудека“ и рио „Теранова“. Островот е разделен на пет населби кои се одделени со каналите.

Сестиери Површина
хектари[3]
насе-
ление
Густина   Карта
Сан Мауро 6,8 818 12029    
Џудека[4] 2,5 255 10200  
Сан Мартино Синистра 4,4 586 13318  
Сан Мартино Дестра 5,1 759 14882  
Теранова 2,3 359 15609  
Бурано 21,1 2777 13176  
Мацорбо[5] 51,8 329 635  

Население[уреди | уреди извор]

Култура[уреди | уреди извор]

Сан Мартоно, Бурано.

Бурано е исто така познат по своите мали, светло обоени куќи[6], кои се популарни кај уметниците. Боите на куќите следат специфичен систем, кој потекнува од златното доба на неговиот развој. Ако некој сака да ја промени фасадата од својот дом, мора да испрати барање до владата, која ќе одговори со известување за одредени бои дозволени за таа парцела[7].

Во срцето на Бурано се наоѓа плоштадот „Балдасаре Галупи“ - единствениот на островот - кој го носи името на познатиот композитор од XVIII век Балдасаре Галупи. На плоштадот се наоѓа црквата Сан Мартино, единствената црква подигната на островот. Позната е со камбанаријата, која се одликува со силен наклон, кое се должи на делумното лизгање на темелите. Во неа се наоѓа делото „Распетие“ (1725 - 1727) од Џовани Батиста Тјеполо.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://books.google.ca/books?id=KZgGAgAAQBAJ&pg=PA66&lpg=PA66&dq=Burano+economy+tourism&source=bl&ots=gOvCt5wEt0&sig=H4mtP4GXliThmpQdDM6GisNOv9M&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwiW79X-m6fUAhVp4oMKHfuWC2wQ6AEIXjAJ#v=onepage&q=Burano%20economy%20tourism&f=false
  2. Mather, Victoria (26 July 2012). „Discovering an Italian Retreat“. Vanity Fair. Посетено на 25 April 2017.
  3. Relative area portions measured from map.
  4. Not to be confused with Giudecca in the sestiere Dorsoduro of the historic center of Venice.
  5. Neighboring island (not on map).
  6. Christofi, Dora (26 August 2015). „Murano & Burano: The Venetian lagoon Islands“. Trip-experiences.com. Посетено на 25 April 2017.
  7. Strutner, Suzy (5 November 2013). „Burano, Italy Is The Cheeriest Little Island, And It Will Lift Your Soul On Travel Tuesday“. Huffington Post. Посетено на 25 April 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]