Бранко Младеновиќ
Бранко | |
---|---|
Бранков појас, кој се чува во Британскиот музеј. | |
севастократор | |
Владеење | ок. 1346–60-ти |
Починал(а) | пред март 1365 |
Благородно семејство | Бранковиќ |
Сопруга | непозната (можно Немањиќ) |
Деца
|
Бранко Младеновиќ (умрел пред март 1365) бил севастократор од средината на XIV век, кој управувал со Охрид за време на Српското царство.
Биографија
[уреди | уреди извор]Негов татко бил властелинот Младен, кој се споменува со титулите жупан и војвода за време на кралевите Милутин (1282—1321) и Стефан Дечански (1322—1331). Тој се споменува во 1323 година како управник на Требиње и Драчевица, а се смета дека неговото семејство најверојатно потекнува од Захумље[1].
Душан Силниот (крал 1331—1346, цар 1346—1355) го поставил Бранко Младеновиќ за управник на Охрид и му доделил титула севастократор[2], но не е познато кога се случило тоа, иако е извесно дека титулата ја добил после прогласувањето на Српсокото царство на 16 април 1346 во Скопје. Високата титула севастократор веројатно значи дека Бранко на некој начин бил роднински поврзан со царското семејство,[3] бидејќи истата титула била доделена и на Дејан, кој бил оженет со душановата сестра Теодора. После душановата смрт, за време на распадот на Српското царство, го поддржувал неговиот син и наследник Уроша (1355—1371)[1].
Бранко Младеновиќ умрел пред март 1365. године[1], а неговите синови Гргур и Вук од Охрид се повлекле на семејниот посед, во близина на Борач на Косово.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Предлошка:АВРЉ-СД
- ↑ Предлошка:ИСН II
- ↑ Благојевић 1989, стр. 166.