Борка Спиркоски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борка Спиркоски ( 1917 во Прилеп1944 во Прилеп) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По занимање бил земјоделец. Кон Народноослободителната борба се приклучил на 9 септември 1944 година. Бил борец во состав на Петтата македонска ударна бригада. Загинал во борбите против непријателот во близина на Прилеп, кај Тутунскиот Комбинат во есента 1944 година.[1] Една улица во неговиот роден град Прилеп, е именувана по него.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Б. Најдоски, м-р Јован (1984). Институт за тутун - Прилеп - 60 годишен јубилеј. Прилеп: Институт за тутун - Прилеп. стр. 16.
  2. „Борка Спиркоски, 20 - Прилеп“. wikimapia.org. Посетено на 2022-09-17.