Тутунски комбинат Прилеп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тутунски комбинат Прилеп
Oснована1873
СедиштеМакедонија Прилеп, Македонија
Клучни личностиКире Станкоски (генерален директор)
Дејносттутун
Производитутун, цигари
Вработени1350 (2007)
Порталwww.tkprilep.com.mk

Тутунски комбинат АД Прилеп (ТКП) е компанија која има 135-годишна традиција во тутунскиот бизнис.

Основана е во Прилеп во далечната 1873 година и главно се занимава со откуп и обработка на висококвалитетен ориенталски тутун од типовите „прилеп“ и „јака“ и негова продажба на познати светски компании. Генерален директор е Кире Станкоски[1] (2011-).

Од 1955 ТКП навлегува во бизнисот со цигари преку основање на потпретпријатие за производство на цигари од типот американ бленд. ТКП има традиционална и успешна соработка со светски познатите компании PMI, KT&G, BAT, JTI, R.J.R, Imperial Tobacco.

Марки на цигари:

  • BRAND Regular Box
  • BRAND Regular soft
  • BRAND Lights Box
  • BRAND Super light
  • BRAND 100s
  • RONDO Regular Box
  • RONDO Lights Box
  • RONDO Lights 100s
  • RONDO Lights Soft
  • FILTER ORIENTAL
  • PRILEP
  • EUROPA Box
  • EUROPA Soft
  • SAN slims
  • VIP Regular Box
  • VIP Lights Box

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Прилепскиот тутунски комбинат доби нов директор“, Телма, 26 февруари 2011 (посет. 27 февруари 2011 г). (македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]