Прејди на содржината

Бомбашки напад во Истанбул (2010)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бомбашки напад во Истанбул
Поглед кон плоштадот Таксим
МестоПлоштад Таксим, Истанбул, Турција
Датум31 октомври 2010 (UTC+2)
Вид нападСамоубиствен напад
Мртви0
Повредени22
Осомничен сторителКурдска работничка партија, политичка левица

Бомбашкиот напад во Истанбул е самоубиствен напад кој се случил на 31 октомври 2010 година на плоштадот Таксим во Истанбул, Турција, во околу 10:30 часот. Нападот резултирал со најмалку 22 повредени, од кои 10 полицајци.[1][2]

До моментов никој нема преземено одгтоворност за нападот, но според локалните власти, според првичните информации, станува збор за забранетата курдска сепаратистичка организација ПКК, која претходно се заканила дека ќе ги нападне „сите градови во Турција“, во знак на одмазда а нападите на турската војска врз упоришта на Курдите во Ирак.[3] Според изјавата на некој таксист, тој видел маж на возраст меѓу 30 и 33 години како се доближува до полицајци за да ги праша за правец и во тој момент бомбата експлодирала. Според друг пак, до полицајците се приближиле двајца мажи.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Istanbul suicide blast injures 22, including 10 police“. BBC News Online. 31 October 2010. Посетено на 31 October 2010.
  2. „22 injured in Turkey explosion“. CNN. 31 October 2010.
  3. „www.kajgana.com“. Архивирано од изворникот на 2010-06-26. Посетено на 2010-10-31.
  4. А1 телевизија: Над 20 луѓе повредени во нападот во Истанбул