Курдска работничка партија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знаме

Курдска работничка партија, попозната како ПКК, курдска милитантна организација која водела вооружена борба против Турција од 1984 до 2013 година, за остварување права на самоопределување на Курдите во Турција, кои сочинуваат 10-25% од населението. Организацијата е основана во 1973 година во селото Фис од група курдски студенти предводени од Абдула Оџалан.

Идеологијата на ПКК првобитно претставувала мешавина од револуционерен социјализам и марксизам-ленинизам со курдски национализам, стремејќи се за воспоставување независна држава во регионот познат како Курдистан. Меѓутоа, откако бил уапсен и притворен во 1999 година водачот на ПКК, Абдула Оџалан, тој го отфрлил марксизмот-ленинизмот и барал партијата да ја прифати новата политичка платформа позната како демократски конфедерализам.

Во 2013 година се согласиле на примирје и полека почнале да ги повлекуваат борците во Јужен Курдистан како дел од т.н. „Процес на решение“ помеѓу Турција и долго обесправеното курдско малцинство.

ПКК е ставена на списокот на терористички организации од страна на неколку организации и држави како што се НАТО, САД и Европската унија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Chapter 6—Terrorist Groups“. Country Reports on Terrorism. United States Department of State. 27 април 2005. Посетено на 23 јули 2008. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)