Битката кај Курапедион (грчки: Κούρου πεδίον; латински: Kurupedion) (281 г. п.н.е.) е последната голема битка во епохата на дијадосите; се одиграла на рамнината Курапедион во Лидија, близу Сарди, во денешна Турција. Во битката се судриле Лизимах и Селевк, за кралскиот престол во Македонија. За текот на битката не се знае ништо, освен дека во битката загинува Лизимах кој, како крал на Македонија (284–281), успева да ја наметне својата власт во Tесалија, Фокида и Етолија. Победникот Селевк (последниот од дијадосите, основач на династијата Селевкиди, која владее со азијскиот дел на Александровата империја) истата година, откако преминал во Европа, е убиен од Птолемај Кераун, син на Птолемај Лаг (еден од дијадосите, кој владее со Египет, основачот на династијата Птолемаиди).[1][2]