Бистрица (Пловуча)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Реката Бистрица

Бистрица е река во југозападниот дел на Босна и Херцеговина, која протекува низ источниот дел на Ливањското поле. Реката Бистрица е долга околу три километри. Нејзиниот прв километар тече низ градот Ливно, продолжувајќи го својот пат низ Ливањското поле. Припаѓа на Јадранскиот слив на реки. За време на летните месеци коритото главно е плитко, а за време на есен е поголемо поради обилните врнежи. Извира од ридот Башајковац, на изворот Думан. Акциите за порибување во последните години не дале некаков поголем плод.


Icon river tributary L.svg Оваа статија за река е никулец. Може да помогнете со нејзиното уредување!