Биодизел

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Био-дизел гориво)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Структурен модел на метил линолеат, или линоленска киселина метил естер, заеднички метил естер произведен од соја или канола масло и метанол

Биодизелот е течно гориво произведено од билни масла или од искористени масла и масти. Биодизелот доста чисто согорува и потсетува на стандардниот дизел. Се произведува од сончогледово масло, соја или маслодајна репка со помош на метанол и катализатор. По хемиски состав е мешавина од метил естер и масни киселини. Ова гориво е обновлив извор на енергија, бидејќи се троши со истата брзина со која се обновува. Има мала енергетска содржина, но содржи поголем процент на кислород што помага за подобро согорување.

Дизел мотори[уреди | уреди извор]

Старите дизел мотори без тешкотии користат околу 20 проценти биодизел, а многу нови мотори веќе можат да користат и чист биодизел. Био-горивата не бараат произведство на нов автомобил, односно нов автомобилски мотор, сега тие имаат предност над водородната технологија која е во почетните стадиуми. Оваа компактибилност ги наведе многу земји да се осврнат кон био-горивата, уверени дека на тој начин ќе ги намалат трошоците за фосилни горива. Европската заедница за себе си одреди цел дека до 2010 година ќе користи 6% био-дизел, што би значело петоструко зголемување одгледување на билките од кои се произведува етанолот. Во последниве години, се направени големи напори за заштита на животната средина токму преку претставувањето на биодизелот како моторно гориво. Овие напори се повеќе ќе се зголемуваат во иднина, со цел да се обезбеди побезбедна планета за живеење.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]