Билтен (КПЈ Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Билтен (Битола, почетокот на 1942 - почетокот на 1943) бил илегален орган на Месната организација на КПЈ во Битола. Излегувал на 10-15 дена, на македонски јазик, а бил печатен на техниката (рачна преса) на МК на КПЈ во Битола, во куќата на Томе Димитровски. Уредник бил Стефан Наумов-Стив, а соработници-автори биле Мирче Ацев, Јордан Михајловски-Оцката и др. Известувал за политичката и воената состојба во светот и кај нас, а бил растуран во градот и во битолските села. Зачувани се само три броја (број 19, 20 и 21, ноември-декември 1942)

Литература[уреди | уреди извор]