Бејб

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бејб (англиски: The Babe) е американски филм од 1992 година, во режија на Артур Хилер. Главните улоги ги толкуваат: Џон Гудман и Кели Мекгилис. Филмот е биографија на познатиот играч на безбол, Џорџ Херман, познат како Бејб Рут.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажува животот на Бејб Рут (го игра Гудмен), од моментот кога неговиот татко го напуштил, оставајќи го во дом за сираци, преку откритието на неговиот неверојатен талент за безбол, па до неколку случки кои го претвориле во легенда.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 21.
  2. Антена, број 865, 23.1.2014, стр. 15.