Белградски фестивал на пивото

Од Википедија — слободната енциклопедија
Белградскиот фестивал на пивото 2009

Белградски фестивал на пивото (српски: Београдски фестивал пива, англиски: Belgrade Beer Fest) — годишен фестивал на пивото во Белград, Србија. Започнал во 2003 година, фестивалот се одржува секоја година во текот на пет дена секој август како приказ на настан за различни производители на пиво. Покрај домашните и странските пива, фестивалот секоја вечер има и музички изведби во живо.

Брзо пораснал по големина и популарност: во 2004 година привлекол над 75.000 странски посетители во Белград, а во 2005 година бил вториот најпосетуван фестивал во Србија со 300.000 посетители. Во 2009 година привлекол повеќе од 650.000 посетители, а во 2010 година фестивалот привлече околу 900.000 посетители.[1][2] Влезот на фестивалот е бесплатен. Во 2020 година не се одржал фестивал.

Признанија[уреди | уреди извор]

На 31 декември 2005 година, британскиот весник Индипендент го нарекол белградскиот фестивал на пивото за „еден од светските настани што треба да се посети во 2006 година“.[3]

Инциденти[уреди | уреди извор]

На 19 август 2007 година, последниот ден од Белградскиот фестивал на пивото 2007 година на тврдината Калемегдан, телото на 22-годишниот Бранко Јовановиќ од Белград беило пронајдено безживотно и делумно изгубено во кафез со мечки во белградската зоолошка градина (исто така сместен на Тврдината). Се верува дека мажот, најверојатно под дејство на алкохол или наркотици, можеби паднал од ресторан со поглед на кафезот со мечки, градба на отворено без покрив. Две возрасни мечки го одвлекле телото на човекот до аголот за хранење на кафезот.[3] Од истражното одделение на судот тврделе дека нема индиции дека младиот човек е убиен.[4] Последователно, изданието на фестивалот следната година во 2008 година било преместено од Тврдината.

На 20 август 2011 година, напаѓач по случаен избор избодел осум посетители на фестивалот со нож. Подоцна идентификуван како Љубомир Трифуновиќ од Белград, напаѓачот бил осуден на седум години затвор.[5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Na Beer Festu 900.000 ljudi“. Blic.rs. Посетено на 15 May 2016.
  2. „Belgrade Beer Fest 2011: Simple Minds - Muzika - Nadlanu.com“. nadlanu.com. Посетено на 15 May 2016.
  3. 3,0 3,1 „Belgrade Beer Festival - Bear Facts“. Посетено на 15 May 2016.
  4. "Mladić bio živ kad je upao u kavez"
  5. „Random Attacker Stabs 8 at Serbia Beer Fest“. Посетено на 15 May 2016.
  6. „Napadačima sa "Bir festa" ukupno 13 godina i pet meseci zatvora“. Blic.rs. Посетено на 15 May 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Belgrade Beer Fest — официјална страница (српски) (англиски)