Прејди на содржината

Бевме странци

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Бевме странци“ (англиски: We were strangers) – филм на режисерот Џон Хјустон (John Huston) од 1949 година. Автори на сценариото се Питер Виртел (Peter Viertel) и Џон Хјустон. Главните улоги ги играат: Џенифер Џоунс (Jennifer Jones), Џон Гарфилд (John Garfield) и Педро Армендарис (Pedro Armendáriz).[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во Куба во 1930-тите. Чајна Валдес (ја игра Џоунс) видела како шефот на тајната полиција Арјете (го игра Армендарис) го убил нејзиниот брат. Поради тоа, таа им се придружува на кубанските револуционери кои сакаат да ја урнат власта. Меѓу нив е и Американецот Тони Фенер (го игра Гарфилд)...

  1. Bili smo stranci, američki film (пристапено на 4.6.2022)