Балкана
Балкана | |
---|---|
Подрачје | Мркоњиќ Град |
Координати | 44°24′55″N 17°02′59″E / 44.41528°N 17.04972°E |
Сливни земји | Република Српска, Босна и Херцеговина |
Површина | 0,056 km2 (0,022 ми) км2 |
Балкана или Туристички рекреативен центар Балкана е заедничко име за две мали езера во Република Српска, а воедно и познат локален туристичко-рекреативен центар. Балкана се наоѓа на 4 или 5 км од Мркоњиќ Град, а покрај центарот поминува магистралниот пат Јајце - Бихаќ.
Особености
[уреди | уреди извор]Езерскиот дел од комплексот го составуваат две овални езера со вкупна површина од 56.000 метри квадратни. Езерата се изградени во 1970-те години. Езерата се снабдуваат со вода од подземни извори и околни потоци на планината Цјепало и Скакавац. Езерата имаат една река, која пак се влева во Врбас.
Во јули и август во малото езеро температурата на водата е 20 степени и се совпаѓа со периодот за рекреативно пливање. Во зимските периоди површината на езерото е заледена. Големото езеро е погато во воден свет, особено амур и пастрмка.
Галерија
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно
|title=
(help) - Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.