Прејди на содржината

Багатела (опера)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жак Офенбах, фотографија од Надар, ок. 1860-тите.

Багатела (француски: Bagatelle) ― комична опера во еден чин од Жак Офенбах, со француско либрето на Ектор Кремјо и Ернест Блум.[1]

За прв пат била изведена на 21 мај 1874 година во Буфскиот театар во Париз под раководство на композиторот.

Улога Вид на глас Прв глумечки состав, 21 мај 1874 година[2]
(Диригент: Жак Офенбах)
Багатела сопран Ана Жудик
Жорж де Плантевил сопран Лоренс Гриво
Финет, слугинка на Багатела сопран Г-ѓа Сузан
Писташ баритон Едуар Жорж

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Делото е сместено во будоарот на ѕвездата на кафе-концертот, Багатела. Нејзината слугинка Финет има афера со кларинетист сведена на свирење во бендот Сирк Фернандо, Писташ. После настап, Багатела вежба селска песна кога низ прозорецот влегува 18-годишен млад обожавател. Тој е Жорж де Плантевил и за да се осигура дека ќе останат заедно, ги фрла клучевите низ прозорецот. Меѓутоа, во станот бил скриен и Писташ; наутро Финет треба да ги ослободи сите три. Излегува дека Жорж ја бранел Багатела за време на нејзиното шоу против клеветниците, па таа му возвраќа на љубовта.

  1. Lamb A. Jacques Offenbach (work list). In: The New Grove Dictionary of Opera. Macmillan, London and New York, 1997.
  2. Yon, Jean-Claude. Jacques Offenbach. Editions Gallimard, Paris, 2000.